strumica denes logo

ДВЕ ЛИЦА ОД БАНИЦА СЕ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛЕ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ!

Автор:

Датум:

март 21, 2024

Автор:

Датум:

март 21, 2024

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.