Законот за игри на среќа со кој требаше казината да се оддалечат на 500 метри од училиштата, не го помина собранискиот филтер. За овој закон да биде усвоен, требаше поддршка од 61 пратеник, а фалеа дури 10 гласови.
„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, велат од Собранието.
На почетокот на февруари, пратениците го усвоја Законот, кој беше предложен од Владата со европско знаменце. Кога стигна на потпис кај претседателот Стево Пендаровски, тој го врати назад со образложение дека овој закон не може да се носи со европско знаменце.