Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес беше осудена, а Диоскор беше симнат од престолот и испратен во прогонство. На негово место беше избран овој правоверен маж Протериј. Тој управуваше со Црквата со ревност и со љубов на вистински Христов следбеник. Но, следбениците на Диоскор не престанаа да создаваат смут во Александрија. При еден ваков крвав метеж, Протериј излезе од градот со намера привремено да се оддалечи, но на патот му се јави Пророкот Исаија и му рече: „Врати се во градот, те чекам за да те земам“. Протериј се врати и влезе в црква. Кога слушнаа дека се враќа, дрските еретици навалија во црквата, го фатија патријархот и го избодеа со ножеви. Тогаш со Протериј загинаа уште шестмина христијани. Така прими маченички венец за православната вистина овој прекрасен пастир на Христовото стадо, во 457 година.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…