Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.
Денес се празнува Преподобен Тимотеј

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: