strumica denes logo

МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ: 54 ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ И ДУИ ВО СОБРАНИЕТО ГЛАСАА ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПАСОШИТЕ!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2024

Автор:

Датум:

февруари 28, 2024

Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите.

Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето.