Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колоси во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па, бидејќи Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани состави кои воопшто постојат во Светото Писмо. „Те молам“, пишува, „за мојот син Онисим, кого го родив во оковите свои… Можеби затоа се раздели од тебе на некое време, за да го добиеш вечно, не повеќе како роб а повеќе од роб, како брат возљубен.“ Трогнат од ова писмо, Филимон навистина го прими Онисим како брат и го ослободи од робувањето. Подоцна Онисим од самите апостоли беше поставен за епископ и по смртта на апостолот Тимотеј ја прими Ефеската Столица. Тоа се гледа од посланието на свети Игнатиј Богоносец. Во времето на Трајановото гонење Онисим веќе беше старец. Го уапсија и го одведоа во Рим. Овде одговараше пред судијата Тертул, одлежа затвор и најпосле го убија со меч. Неговото тело го зеде некоја богата жена, го положи во сребрен ковчег и чесно го погреба во 109 година.
Денес се празнува Светиот апостол Онисим
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски
Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но…
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ И МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА!
Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен сериозен удар, оцени претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во…
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПО ГОЛЕМАТА ПОБЕДА: СИ ЈА ВРАТИВМЕ ДРЖАВАТА!
Емотивен говор имаше новиот премиер Христијан Мицкоски на плоштадот „Македонија.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека си ја вратиле државата и оти…
ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19!
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво…
ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ: СТРУМИЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ПОВИКУВА НАРОДОТ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ!
Струмичката православна епархија ги повикува своите верници да излезат на гласање на редовните претседателски и парламентарни избори и да гласаат…
1.200 ДЕНАРИ ДНЕВНИЦА: „ПРИНЦ КАФЕ“ ВО ГЛОБАЛ ВРАБОТУВА МОМЧИЊА И ДЕВОЈКИ СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО!
„ПРИНЦ КАФЕ“ во „ГЛОБАЛ“ вработува: – ШАНКЕРИ ИЛИ ШАНКЕРКИ Сите заинтересирани може да се пријават на: 078 298 017