strumica denes logo

Туристичките агенции останаа без работа – граѓаните се плашат да уплатат за одмор, не знаат дали ќе им биде готов пасошот!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Проблемот со промената на пасошите со новото уставно име на државата ќе им ги промени плановите за летување на многу Македонци.

Според туристичките агенции, бројот на туристи кои заминаа во странство оваа година е преполовен во однос на ланската година. Најпопуларни дестинации се Грција, Турција и Хрватска, но и Албанија, која не бара пасош за влез, туку само лична карта.

„Се намали интересот за патување во странство поради пасошите, поради неизвесноста, поради хаосот на шалтерите. Многу луѓе се плашат дека ќе бидат вратени на граница, а многумина исто така се плашат дека нема да им биде готов пасошот до почетокот на летната сезона, па затоа и не сакаат да ризикуваат со уплата на аранжмани. Исто така, не смееме да го занемариме и фактот дека многу нашинци се соочуваат и со финансиски проблеми поради инфлацијата”, вели Елена Стојановска, туристички водич од Скопје.

Таа додава дека агенцијата во којашто работи има околу 50% помалку резервации за странство од претходните години.

Слично мислење има и Велимир Петрушевски, кој исто така работи како туристички водич.

Тој вели дека Турција и Хрватска се исто така популарни дестинации, бидејќи имаат слични услови за влез како Грција, но забележува дека процентите на уплатени аранжмани е опаднат во споредба со ланската сезона.

“Турција е добра алтернатива за оние кои сакаат да уживаат во луксузни хотели и да имаат сè вклучено. Хрватска е добра опција за оние кои сакаат да патуваат со своите автомобили и да посетуваат различни градови и острови. Но, проблем се пасошите, бидејќи нашинците со стари пасоши нема да можат да излезат од земјава. Многумина доаѓаат во нашата туристичка агенција, се распрашуваат за понудите, но на крајот се плашат да уплатат затоа што не се сигурни дека ќе го добијат пасошот навреме”, вели Петрушевски.

Но, не сите Македонци се решену за одмор во странство. Некои од нив уште сега се определени за домашен туризам, особено за Охрид, кој е најпосакувано место за летување во земјава.

„Охрид е прекрасен град, со богата историја, култура и природа. Има многу забава и активности за сите возрасти. Цените се прифатливи, а услугата е одлична. Не ми треба да одам во странство кога го имам Охрид”, вели Марија Илиевска, која ќе летува во Охрид со своето семејство.

Меѓутоа, има и такви кои се одлучија за необичен избор – Албанија. Оваа соседна земја веќе неколку години е привлечна дестинација за Македонците, а и во целиот овој хаос со пасошите, Албанцитеа не бараат пасош за влез во државата, туку само важечка лична карта.

„Албанија е изненадување за мене. Не очекував да има толку убави плажи, чисто море и добра храна. Луѓето се гостопримливи и љубезни. Цените се многу ниски, а квалитетот е висок. Уште сега уплативме за одмор во јули”, вели Дејан Стојковски, кој ќе летува во Саранда со својата девојка.