strumica denes logo

БРАВО: Полицијата ја тресе Онкологија – Приведени се лекари, некои од нив побегнале од државата!

Автор:

Датум:

јануари 30, 2024

Автор:

Датум:

јануари 30, 2024

Според информациитe, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за осум лица, а дека три веќе се избегани од државата.

Според информациитe, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.

Случајот Онкологија беше отворен откако медиумите во јавноста обелоденија дека се продаваат скапи лекови кои се наменети за пациенти болни од рак, но вработени ги продавале на црниот пазар. Акцијата ја започна поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што дознава Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.

Од Јавното обвинителство информираат дека повеќе детали ќе има во текот на денот.

Инаку, Собранието на крајот на септември формира Анкетна комисија која требаше да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија. Пред Анкетната комисија излагање имаа поранешни министри за здравство, актуелни и поранешни директори на Клиниката за онкологија, директори на Фонд за здравство, како и директори на други институции.

Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, политичка одговорност ја лоцира кај ексминистерот за здравство Венко Филипче, ексдиректорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ, Ирина Сотирова-Бухова, како и ексдиректорите на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Јавното обвинителство во септември минатата година, поднесе обвинение за проневера против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици.