Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот московски во 1566 година. Но, овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, кого го советуваше и бестрашно го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна од епископскот трон и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година, на 23 декември. Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но, наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.
Денес се празнува Свети Филип, митрополит Московски
Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира
Тие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар…
Времето денес ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб…
ХОТЕЛ И РЕСТОРАН „ЕТЕРНО“ – СТРУМИЦА ВРАБОТУВА РЕЦЕПЦИОНЕР/КА!
Хотел и ресторан Етерно вработува на позиција: - рецепционер/ка Повеќе информации на телефонскиот број 075 472 122 или директно во…
„КОНЦЕПТ“ ВРАБОТУВА ГОТВАЧ, ПОМОШНИК ГОТВАЧ И ПИЦА МАЈСТОР – ПЛАТА И УСЛОВИ ОДЛИЧНИ!
„КОНЦЕПТ“ – СТРУМИЦА ВРАБОТУВА: – ГОТВАЧ – ПОМОШНИК ГОТВАЧ – ПИЦА МАЈСТОР Сите заинтересирани може да се јават на следниот…
Денеска се празнува Животоприемен извор
На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со…
Фејсбук статус на Митко Бојаџиски: ТАКА ИЗГЛЕДА КРАЈОТ Кога ќе ја треснете државата од земја безмилосно и крвнички на секој…