strumica denes logo

Претрес во Добрејци – Пронајдена е дрога!

Автор:

Датум:

јануари 5, 2024

Автор:

Датум:

јануари 5, 2024

Денеска (05.01.2024) во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и шприц со црна течност.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.