Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. После мачењето Левкиј одеше да прими меч весело како на свадба. Кога ја виде смртта на храбриот Левкиј, блажениот Тирс се распали со Божествена ревност, па исто како Левкиј истапи пред судијата и го разобличи за злосторствата и за неверувањето во единствениот вистински Бог. И тој беше биен и фрлен во затвор. Невидливата Божја рака го исцели од раните, му ја отвори вратата на затворот и го изведе надвор. Тирс веднаш појде кај епископот Кесариски Филеј и од него прими Крштение. По ова повторно го фатија и го мачеа, но тој ги поднесуваше маките трпеливо како во сон, а не на јаве. Од силата на неговата молитва паднаа многубројни идоли. Кога го виде ова, идолскиот жрец Калиник се обрати во Христовата вера. И тој и Тирс беа осудени на смрт. Калиник го убија со меч, а Тирс го положија на дрвен сандак за да го стружат со пила. Но, Божјата сила не го допушти ова, па пилата не можеше ни да го пробие дрвото. Тогаш Тирс стана од ковчегот, Му се помоли на Бога благодарејќи Му за маките и мирно Му го предаде својот дух на Господ. На крајот од 4 век кесарот Флавиј покрај Цариград му устрои црква на светиот Тирс и во неа ги положи неговите свети мошти. Светителот ѝ се јави во видение на царицата Пулхерија и ѝ препорача да ги закопа моштите на Четириесетте маченици до неговите.
Денес се празнуваат Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник
СТРУМИЧАНКАТА ТАТЈАНА АНДОВСКА ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО ЗА НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА!
Да бидеш сестра е голем предизвик, во тимот кој секојдневно ја покажува и докажува хуманоста, посветеноста и пожртвуваноста на дело.Поминати…
КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА НА 17 МАЈ!
На 17 мај во Струмица, познатата македонска пејачка Каролина Гочева ќе одржи свој концерт пред Струмичани во НУЦК „Антон Панов“.…
УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ НА СЕЛОТО ИЛОВИЦА!
Во пресрет на празникот на селото Иловица на 14 мај, ќе се одржат традиционалните фолклорни средби св.Атанасиј 2024, во организација…
Ракетата Starship во сопственост на SpaceX најверојатно ќе го започне четвртиот лет за три до пет недели, изјави денеска сопственикот…
Британец освоил 10,2 милиони фунти, па ги поделил со соседите – сите се чудат!
Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија што го подели со…
ГРЦИЈА СЕ БУНИ ОТКАКО НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ЈА ИЗГОВОРИ ДОДАВКАТА „СЕВЕРНА“
Министерството за надворешни работи утрово соопшти дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и…