Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. Старецот го закопа и отиде да му се пожали на еден свет старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, умре.“ „Не верувам“, одговори светиот старец, „Акакиј не е умрен.“ Тогаш обајцата отидоа на гробот на умрениот и оној свет старец повика: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта послушен, одговори: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“. Тогаш оној зол старец се покаја, се затвори во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го помина во покајание и во молитва.
Денес се празнува Преподобен Акакиј Синајски
Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Социјалната населба за сместување на социјално загрозени…
СТРУМИЧАНКАТА ТАТЈАНА АНДОВСКА ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО ЗА НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА!
Да бидеш сестра е голем предизвик, во тимот кој секојдневно ја покажува и докажува хуманоста, посветеноста и пожртвуваноста на дело.Поминати…
КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА НА 17 МАЈ!
На 17 мај во Струмица, познатата македонска пејачка Каролина Гочева ќе одржи свој концерт пред Струмичани во НУЦК „Антон Панов“.…
УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ НА СЕЛОТО ИЛОВИЦА!
Во пресрет на празникот на селото Иловица на 14 мај, ќе се одржат традиционалните фолклорни средби св.Атанасиј 2024, во организација…
Ракетата Starship во сопственост на SpaceX најверојатно ќе го започне четвртиот лет за три до пет недели, изјави денеска сопственикот…
Британец освоил 10,2 милиони фунти, па ги поделил со соседите – сите се чудат!
Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија што го подели со…