Советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Костадинов создаде хаос во сообраќајот во Струмица ❗
Кога се гради само поради ПР, без конкретен план и долгорочна стратегија резултатот е ова што денес го гледаме на делница Струмица – Дабиле, ХАОС, нервоза, прашина и искршени автомобили❗
И некој ако праша што можеше општината да направи, одговорот е следниот:
Општината имаше цела година да прилагоди пристоен алтернативен пат, па потоа да распише тендер за изработка на патот Струмица – Дабиле ⭕
Исто е и со каналот Крушевска Република, булеварот Братство и Единство и улиците во градот. На Костадинов побитно му е да се слика и да објавува дека наводно работи❗
Реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле е доказ за оваа неспосовна власт на СДС❗
Цело лето санираа мостови со нервози и гужви, зимата чекаа да го почнат булеварот без да прилагодат алтернативен пат❌
Потребни се промени❗
СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ 🇲🇰
#Струмица