strumica denes logo

Немоќно момче од Струмичко пронајдено пред маркет во Струга, кривична против родителите за напуштање!

Автор:

Датум:

ноември 19, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 19, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Малолетник со здравствен проблем, од струмичкото село Банско доцна синоќа сам бил затекнат во близина на маркет во Струга.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

СВР Охрид денеска соопшти дека лицето е згрижено и остварен бил контакт со неговите родители.

– Во ОВР Струга синоќа во 22 часот и 10 минути е пријавено дека, пред маркет лоциран на улицата „Ристо Крле“ во Струга, затекнато е малолетно немоќно глувонемо лице. По известување до јавен обвинител и Центар за социјални работи, лицето е згрижено, преземени се мерки и констатирано е дека се работи за 17-годишен малолетник од струмичкото село Банско. Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. од истото село и малолетникот денеска, ќе биде вратен во неговиот дом, информира портпаролот Стефан Димоски.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

По целосно документирање на настанот, додаде, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава по член 200 од Кривичниот законик „напуштање немоќно дете“.