strumica denes logo

РОДЕН ВО СТРУМИЦА: ВЛАДО КАЛЕМБЕР, ЛЕГЕНДАТА НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА СЦЕНА!

Автор:

Датум:

ноември 13, 2023

Автор:

Датум:

ноември 13, 2023

„Не е точно дека сум голем заводник. Кога и да испиев кафе со некоја пријателка, медиумите пишуваа дека сум во нова љубовна врска. Секогаш имав повеќе врски во медиумите, отколку во реалноста. Весниците ми „лепеа“ жени со кои не сум бил. Имаше чад, но не и оган“, изјави Владо Калембер во една пригода. Тој изгледа неверојатно и во 70-тата година од животот.

Легендата на југословенската сцена, Владо Калембер, и на 70 години важи за еден од најголемите фраери меѓу музичарите. Публиката ја освои со својата харизма, специфичниот „зарипнат“ глас, но и со продорниот поглед на кој „паднаа“ многу жени.

Калембер е роден во Струмица, на 26 април 1953 година. Таму живеел многу кратко, а потоа со семејството се преселил во Загреб, каде што пораснал.

Уште како дете почнал да се интересира за музика, па во 1970-тите години почнал да пее, свири и компонира.

Групата „Сребрени крила“ ја основал во далечната 1978 година, а во 1984 настапил на Евровизија со Изолда Баруџија, со песната „Ćao, amore“.

Две години подоцна почнал соло кариера и соработувал со бројни југословенски ѕвезди.

Негови најголеми хитови се „Вино на уснама“, „Ана“, „Закуни се љубави“ и многу други.