Родена во Рим од благородни родители, а остана сираче кога имаше три години. Како сираче, ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години, Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабошците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавите измами и да ги истрпи маките. Анастасија ѝ рече: „Готово е срцето мое да пострада за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос. А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласкања, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа. На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабошците го убија. Ѝ ги отсекоа градите и јазикот. Ѝ се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.
Денес се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…