Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Профитерско- коруптивниот ГУП ја уништува индустријата во Струмица.
Индустриски капацитети купени од група бизнисмени, подржувачи на Костадинов, се пренаменуваат во парцели за изградба на згради
Откако се уништија сите индустриски капацитети во Струмица, сега на нив ќе се градат згради
На површините на Монополот, Треска, Герас Цунев се предвидуваат огромен број на згради
Имотот на групата подржувачи на Костадинов се вреднува, зголемува и штити – додека имотот на обичниот граѓанин во Струмица, се обезвреднува и уништува
Со години врз грбот на народот се заработуваат милиони и се бетонира Струмица – додека за обичниот народ останува уништена индустрија, обезвреднет имот, нечисти бетонски населби, немање работни места, иселување
Без развој на индустрија нема ни работни места за младите во Струмица – Без индустрија им останува да се занимаваат само со кладилници, коцкарници, наркотици и марихуана. Затоа се иселуваат
СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ
Важно е да испланираме убава иднина за младите во Струмица
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на Јавната расправа на 06.11.2023, Понеделник во просториите на Дом на АРМ во 11:00 часот