strumica denes logo

Спасовски: Тој што напаѓа полицаец, ја напаѓа и државата!

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

„Додека јас раководам со Министерството за внатрешни работи, немало определено мерка притвор за напад на службено лице. Тоа покажува дека недоволно се води сметка во овој дел, бидејќи тој што напаѓа службено лице, тој ја напаѓа државата и треба да сноси одговорност“ изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз службено лице од страна на крадци на дрво во селото Смилковци што се случи пред две години, од кои дел беа ослободени поради недостиг на докази, потенцираше дека мерките во овој дел треба да бидат брзи и ефикасни. Спасовски смета дека неказнивоста раѓа нов проблем.

– Затоа заеднички покренуваме дебати во овој дел. Морам да признам дека сега имаме многу подобра соработка од претходно со Јавното обвинителство кое се занимава со службените овластувања на полициските службеници. Многу почесто дискутираме за проблемите што ги имаме. Но, сепак, мислам дека правопропорционално треба да оди и заштитата на човековите права, но и заштитата на службените лица – посочи министерот.