Ретро објава!
Пандев во интервјуто за официјалниот канал на Џенова раскажува за животот покрај море, запознавањето со Надица, улогата на татко, спомените од детството па се’ до најубавите голови и врвните успеси во Македонија. За иднината вели дека е нерешителен, а за Македонија раскажува дека е земја на планини и многу убави места. Ја спомна и Струмица, а особено светилникот на градот Св. Илија.
„Македонија е земја на планини и има многу убави нешта. Во мојот роден град има симбол како што е овој светилник во Џенова. Се вика Св.Илија, не е голем колку светилников, но сепак ни значи многу на нас кои сме од Струмица.“ – раскажува Пандев за официјалниот канал на Џенова.