За трет пат во Струмица во организација на здружението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ и општина Струмица на 21ви октомври со почеток од 11:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи меѓународниот „АГРО САЕМ Струмица 2023“.
Главна цел на саемот е да го промовираме домашното производство, да ја подигнеме свеста за домашно произведената храна и да овозможиме зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство.
„Упатувам покана до сите граѓани да дојдат да го посетат саемот и да си ги купат своите омилени производи по саемски цени – разни слатка, џемови, ајвари, маџуни, сирупи, масла, сокови, зачини, сирења и кашкавали и разни традиционални производи, рецепти и вкусови пренесувани од колено на колено па се до најновите трендови на здравата храна“, изјави организаторот на Агро саемот.
Да излеземе сите во Сабота на 21ви со почеток од 11:00 часот и да ги запознаеме локалните херои – производители на храна да ги слушнеме нивните приказни, да ја пробаме нивната храна и да се исполнеме со прекрасните вкусови!
За повеќе информации на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1980198955692078/?active_tab=discussion
Саемот финансиски е подржан од:
#ОпштинаСтрумица
#SwgNortMacedonia
#МЗШВ