strumica denes logo

ПОЗНАТИОТ ТУРСКИ ГЛУМЕЦ ТОЛГА ОРТАЛЏИЛ: Дедо ми од Струмица се преселил во Измир, ама корените ме влечат тука!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2023

Автор:

Датум:

октомври 14, 2023

Турскиот глумец Толга Орталџил Турскиот глумец Толга Ортанџил (30) пред некоја година дојде во Скопје за да ја снима серијата „Балканска приспивна песна“. Првпат беше во Македонија, иако дедо му е роден во Струмица. Барајќи подобар живот, дедо му со семејството пред многу години се преселил во Измир, каде што е роден Толга. Но во интервју за „Репортер“, тој вели дека корените отсекогаш го влечеле да дојде во земјата на неговите предци.

„Среќен сум што сум конечно во Македонија. Земјата веднаш ми се допадна. Скопје е многу сладок град. Луѓето се многу пријатни и храната е добра. Се чувствувам како да сум дома. Поради дедо ми мислам дека во крвта носам дел од Македонија, каде и да сум“, вели Толга.

„Балканска приспивна пресна“ неколку месеци се снимаше во Скопје, за откако почна да се прикажува на телевизијата ТРТ во Турција, за кратко време стана хит.

Ирфан, ликот што го глуми Толга, се појавува во деветтата епизода.