Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост, епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо, младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род. Во неговата осумнаесетта, година желбата за духовен живот го одведе во Јерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај свети Ефтимиј, кој го проѕре како иден духовен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај свети Герасим, каде што Киријак помина девет години. По смртта на Герасим повторно се врати во манастирот на свети Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бегајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на свети Харитон, каде што најпосле и го заврши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години. Прославениот подвижник и чудотворец свети Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај тешкиот пост и бдеењето. Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобличувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес. За себе зборуваше дека како монах, сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гневи на некого. Според уставот на свети Киријак, монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен исцелител на болните и благ утешител на тажните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ, во 557 година.
Денес се празнува Преподобен Киријак Отшелник
Денес се празнува Светиот пророк Јеремија
Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето…
Времето денес ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денес ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20…
Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Социјалната населба за сместување на социјално загрозени…
СТРУМИЧАНКАТА ТАТЈАНА АНДОВСКА ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО ЗА НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА!
Да бидеш сестра е голем предизвик, во тимот кој секојдневно ја покажува и докажува хуманоста, посветеноста и пожртвуваноста на дело.Поминати…
КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА НА 17 МАЈ!
На 17 мај во Струмица, познатата македонска пејачка Каролина Гочева ќе одржи свој концерт пред Струмичани во НУЦК „Антон Панов“.…
УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ НА СЕЛОТО ИЛОВИЦА!
Во пресрет на празникот на селото Иловица на 14 мај, ќе се одржат традиционалните фолклорни средби св.Атанасиј 2024, во организација…