strumica denes logo

Во септември најмногу поскапеле јајцата, сирењето, месото, шеќерот, чоколадите и рибата, трошоците за живот поголеми од лани

Автор:

Датум:

октомври 10, 2023

Автор:

Датум:

октомври 10, 2023

Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0.8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 отсто, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 отсто , информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 отсто

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 отсто, а цените на мало од 4.7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1 отсто, а цените на мало за 1.0 отсто.

„Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 отсто, маслото и маснотиите за 1.7  отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 отсто и млекото за 0.4 отсто“,

пишува во извештајот на ДЗС.

Исто така, според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 отсто, туристичките аранжмани за 7.1 отсто, производите за домаќинството – нетрајни за 0.8 отсто, другите печатени материјали за 0.4 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 отсто.

„Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 отсто, јајцата за 2.0 отсто, виното за 1.9 отсто, сирењето и урдата за 1.2 отсто, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 отсто, кафето, чајот, какаото за 0.9 отсто , рибата и морските плодови за 0.7 отсто , лебот и житата за 0.6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 отсто“,

соопштува ДЗС.

Во септември, исто така, ДЗС утврдил дека пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 отсто, мотоциклите за 8.6 отсто, течните горива за домаќинствата за 6.2 отсто, парамедицинските услуги за 5.4 отсто , гасот за домаќинствата за 4.6 отсто, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 отсто, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 отсто, медиумите за снимање за 2.8 отсто, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 отсто , услугите за сместување за 2.0 отсто , медицинските услуги за 1.9 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 отсто , ткаенините за изработка на облека за 1.4 отсто , мебелот и покуќнината за 1.2 отсто , другите лични предмети за 1.1 отсто , стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема.

„Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0.8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 отсто, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 отсто , информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 отсто , облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 отсто, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 отсто“,

утврдиле од Државниот завод за статистика.