Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Со среќа нека ни е уште еден завршен проект во интерес на граѓаните.
Од денеска во употреба е новото мултифункционално спортско игралиште со комплетно партерно уредување во Втората урбана заедница, кај училиштето „Никола Вапцаров“.
Игралиштето е општинска инвестиција од близу 12 милиони денари и четврто такво досега направено во градот. Следното е во Турското маало, а наредната година продолжуваме во Банско.
Ги исполнуваме барањата на граѓаните, ги зголемуваме можностите и го промовираме здравиот начин на живот на струмичани.