Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.