Државниот пазарен инспекторат извршил повеќе од 550 контроли во маркети и изрекол казни во вредност од 6,3 милиони денари. Од 19 септември до сега затворени се 10 маркети. Директорот на инспекторатот Горан Трајковски вели дека казните се за непочитување на владината одлука за намалување на цените на одредени прехранбени производи.
Трајковски ги предупреди и сите нерегистрирани трговци да се регистрираат до 15 октомври бидејќи ќе има засилени контроли. Доколку затекнат нерегистрирана фирма, стоката ќе биде конфискувана.
Трајковски вели дека сите овие одлуки се донесени за доброто на граѓаните, а апелираше и за пријавување на неправилности на телефонскиот број 191 кој е на располагање 24/7.