Од денеска почна дистрибуцијата на книги за учениците од шесто одделение од основните училишта, а истата ќе продолжи до крајот на неделата. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека ќе бара од економскиот оператор испораката да ја врши и за време на викендите.
Што се однесува до доцнењето на учебниците, министерот рече дека не цела вина е на министерството и министерот бидејќи како што вели, процедурите кои доцнеле не зависат од него.
Инаку, на почетокот на оваа учебна година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најави кривична пријава за заштита од дискриминација од јавен интерес против МОН, поради доцнењето на учебниците.