Зоран Заев, поранешен премиер на Република Македонија:
Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета.
Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен.
Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција 🇲🇰 🇬🇷 и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности.
– Инаку, Ципрас и Заев го посетија „Концепт“ и уживаа во вкусната храна подготвена од врвни мајстори.