strumica denes logo

Спасовски: Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан!

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Република Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е во друштво со 36 земји најбезбедни во светот. Тоа се податоци и анализи што ги прават релевантни меѓународни организации од делот на безбедноста, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Одговарајќи на прашањето за истрагите во врска со пресметките помеѓу криминалните банди во Старата скопска чаршија, во Косово и во Грција, министерот Спасовски ја потврди решеноста на ова раководство на МВР да се справи со криминиалните структури коишто се создавани и градени во изминатите 30 години, без разлика кои се и од каде доаѓаат.

– Ова е првпат да се води сериозна битка против криминални структури. И во таа наша намера, никој со ништо и за никаква цел не може да нѐ запре заради тоа што сметаме дека безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет. Инаку, што се однесува до конкретни настани јас можам да зборувам за настани кои што се случиле на територијата на државата и немаме и не можеме да разговараме за убиства во Грција и во Косово. Тоа е работа на истражните органи на тие земји и тие треба да ги дадат одговорите за овие инциденти кои се случиле, потенцира министерот Спасовски.