Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за млад земјоделец од Програмата за рурален развој, Мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност до 600 илјади денари финансиска поддршка од прифатливите трошоци по корисник.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.
Крајниот рок за доставување на барањата е 15 октомври.