Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш, Пимен измоли од старецот Павле да го однесе кај свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе (затоа што Пимен значи пастир) многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да нè видиш овде или во вечноста?“ Мајка му се оддалечи со радост, говорејќи: „Штом сигурно ќе ве видам таму, тогаш не сакам да ве видам тука.“ Во манастирот на овие тројца браќа, со кој управуваше најстариот брат, Анувиј, типикот беше ваков: ноќе четири часа минуваа во ракоделие, а четири во псалмопеење. Дење од утрото до пладнето времето го минуваа наизменично во работа и во молитва; од пладнето до Вечерната читаа, а после Вечерната си подготвуваа вечера: тоа им беше единствениот оброк во деноноќието, и тоа обично од некакво зелје. За нивниот живот самиот авва Пимен рече: „Јадевме тоа што ни се предлагаше, никој никогаш не рече: дај ми нешто друго или јас тоа не го сакам. На тој начин ние го поминавме сиот живот во безмолвие и во мир. Авва Пимен се подвизуваше во 5 век и мирно се упокои во длабока старост.“
Преподобен Пимен Велики
Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА НАРОДОТ А НЕ ЗА ЛИЧЕН…
Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на…
Судскиот совет на седницата по полноќ му го одзеде судискиот имунитет на уапсениот врховен судија Наќе Георгиев од Струмица, за…
Денес се празнува Чудото на светиот апoстол и евангелист Јован
Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено…
The First Coffee & Pool Bar вработува во Струмица СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО. Се бара: – ЖЕНА ЗА ВО…
СТРУМИЧКИ ВРХОВЕН СУДИЈА УAПСЕН ПОРАДИ ПОТКУП ОД 10.000 ЕВРА!
Полициски извори за Струмица Денес потврдија дека врховниот судија со иницијали Н.Г, денеска со истрага бил опфатен поради сомнеж за…