Дваесет и четири училници ќе бидат именувани по македонски градови во училиште кое ќе го носи името „Македонија“ во Малатија во Турција. Наставата таму ќе започне на 11 септември.
Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8,656 метри квадратни. Изградено е со донација од еден милион евра во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Република Македонија!
Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Македонија и Турција.