Фејсбук објава на Боемот:
Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.
Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.
Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.
Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен 👏
Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови.