Синото шпанско сирење „Кабралес“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапото сирење во светот бидејќи достигна цена од 32.000 евра за тркало од 2 килограма.
– Знаевме дека имаме добар производ што е тешко да се победи – изјави производителот Гилермо Пендас, кој го произведуваше скапиот деликатес во фабриката на неговото семејство во Лос Пуертос за лондонскиот Тајмс.
„Кабралес“ е полутврдо сирење со силна арома што зрее во планинските пештери Астурија на северот на Шпанија, а кое непосредно пред да го собори овој рекорд, на 51-от годишен натпревар за сирење во Лас Аренас, беше прогласен за best Cabrales, сино сирење кое се прави исклучиво во споменатата шпанска провинција Астурија.