strumica denes logo

Паѓа куповната моќ, немаштијата ја чувствуваат и трговците на пазарите!

Автор:

Датум:

јули 31, 2023

Автор:

Датум:

јули 31, 2023

Економската криза „удри“ и по продавачите на текстил на градските пазари. Куповната моќ на граѓаните континуирано опаѓа, што силно се рефлектира на продажбата.

– Цел живот, 40 години сум по пазарите, по градовите низ цела источна Македонија. Пред корона-кризата беше малку подобро, ама сега некако тешка работа, едвај врзуваме крај со крај- изјави продавач од Струмица.

Велат, не можат да ги намалат цените, зашто како и бутиците и продавниците и тие имаат трошоци.

– Тие плаќаат кирија, а ние плаќаме тезга. На пример, јас сум од Струмица, имам трошоци за гориво, што значи горе-долу тука сме некаде со трошоците.

Текстилот и гардеробата од пазарџиските тезги се атрактивни само за повозрасната популација, додека младите префериираат да пазарат во бутици и шопинг центри.

Целосната вест може да ја погледнете на СИТЕЛ.МК

ИЗВОР: СИТЕЛ.МК