Денеска продолжува потрагата по момчето кое на 16 јули исчезна во водите на браната кај Дрвош. Како што вели за Струмица Денес блиска роднина на исчезнатото момче, потрагата ќе започне во 16:00 часот.
„Потрагата се одвива тешко бидејќи водата е многу матна и насекаде е гранки. Со помош на луѓето се надеваме дека ќе успееме да го пронајдеме Мартин во најбрзо време“, вели во изјава за Струмица Денес роднината на изчезнато момче.
Во најавената потрага се апелира на внимателност и сите кои ќе бидат вклучени во истата со себе да имаат ранец со вода, да бидат во бела облека и со капи/шешири за заштита од сонцето.