При патување надвор од државата со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен картон, кој всушност е територијално проширување на осигурувањето од автоодговорност во сите европски земји.
Зелениот картон е задолжителен тип на осигурување и гаранција дека во случај на штетен настан предизвикан со Вашето возило врз трето лице на територијата на земјата каде што се случила незгодата, штетата во Ваше име ќе ја надомести осигурителната компанија.
Тука спаѓаат:
Материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
Нематеријални штети (повредени лица, загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.),
Односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.
Валидноста на Зелениот картон е поврзана со трајноста на полисата за автоодговорност. Односно, со истекот на полисата на автоодговорност, автоматски престанува и важноста на Зелениот картон.
Премијата (цената на осигурување) на полисата за Зелен картон кај патничките возила зависи од силината на моторот, а кај товарните возила таа е фиксна.