strumica denes logo

ИЛОН МАСК УСПЕА ДА ОСТВАРИ УШТЕ ЕДЕН СВОЈ СОН: Конечно произведен првиот примерок на Tesla Cybertruck!

Автор:

Датум:

јули 20, 2023

Автор:

Датум:

јули 20, 2023

Tesla на својот официјален профил објави фотографија од првиот произведен модел Cybertruck.

На фотографијата се гледа објектот во мегафабриката во Тексас, каде Cybertruck е опкружен со работници облечени во жолти елеци со бели шлемови. Објавата беше ретвитната и од шефот на Tesla, Илон Маск.

Се чини дека колективната меморија во компанијата е краткотрајна, па никој не спомнува дека Tesla ги проби сите можни рокови со овој модел и моментално заостанува околу две години.

За потсетување, Cybertruck беше најавен во 2019 година, а производството требаше да започне во 2021 година. Од друга страна, не се случува често производствениот примерок да остане толку верен на концептот. А објавената фотографија укажува токму на тоа.

Погледот на автомобилот е делумно скриен од телата на работниците, но може да се види препознатливата линија на ова естетски многу оригинално возило. Исто така, споменатиот примерок нема возачка врата, што укажува дека таа не била завршена во моментот на снимањето.

Во меѓувреме, Tesla ја загуби почетната предност, па пред Cybertruck, некои електрични пикап камиони, како што се Ford F-150 Lightning, Chevy Silverado EV, Ram 1500 REV, GMC Sierra EV, GMC Hummer EV и Rivian R1T, имаат веќе пристигна на пазарот.