Млада, талентирана пијанистка и голема хуманистка. Вака накратко може да ја опишеме нашата Сара Витанова, која по вторпат, меѓународно освоената награда ја донира на Елеуса Фондација. Станува збор за освоена втора награда на престижниот меѓународен натпревар Конкорсо пијанистико Сан Дона ди Пиаве што пролетва се одржа во Венеција, Италија.
Сара годинава освои повеќе други награди:
-Sirmium Music Fest (1 награда)
– ЗМП Полихимниа Скопје/ AME Polyhymnia Skopje (1 награда)
-Международен Музикален Конкурс гр.Перник, Бугарија (Лауреат),
Festivali ,,ART IN” (1 награда).