strumica denes logo

ОД ДЕНЕСКА ВАЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ!

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

⚠️Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, почнувајќи од денес 17.07.2023 година ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство.

За непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, согласно член 106 од Законот за шумите.

Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикај :
⚠️➡️ 1️⃣9️⃣3️⃣ Противпожарна единица