strumica denes logo

Македонците најмногу сакаат пилешко месо, секој жител јаде по 20 килограми годишно!

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

Автор:

Датум:

јули 17, 2023

Месото е речиси секогаш на менито, а десетици животни се јадат како месо во различни региони во светот, вклучувајќи ги и коњите (Франција, Италија, Германија и Јапонија, ), кучињата (Кина, Јужна Кореја, Виетнам и арктичките региони), мачки (Кина, Перу), заморчиња (планински региони на Андите), и китови и делфини (Јапонија, Алјаска, Сибир, Канада, Фарските Острови, Гренланд, Исланд и Сент Винсент). Меѓутоа, во модерната ера, огромното мнозинство на месо што го консумираат луѓето во светот е говедско или телешко месо, живина од кокошки, мисирки, патки и други птици, свинско месо како и овчо и јагнешко месо, секако и козјо. Иако не е месо, сепак во рамки на истражувањето на WORLDMAPS кое го истакнува најконзумираниот вид месо во секоја земја во светот, користејќи податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) влегува и консумацијата на риба и морски производи.

Денес, Аргентина јаде најмногу говедско и телешко месо, околу 46,9 килограми по човек секоја година, Кина и 27-те земји од Европската унија јадат најмногу свинско месо, околу 55,2 и во просек околу 30,4 килограми по глава на жител, соодветно. Во Сент Винсент и Гренадини како во Израел се јаде најмногу живина, со 74,7 килограми и 68.9 килограми по глава на жител годишно. Најмногу овчо и козјо месо пак се јаде во Монголија 66,3 килограми по човек секоја година. Исланд јаде најмногу риба и морски плодови 90,6 килограми по глава на жител, а убедливо најголем консумент на секакво месо е Кина со 202,1 килограми по глава на жител.

Што се јаде во Македонија, a што кај соседите?

Во земјава најмногу се јаде пилешко месо 20 килограми по глава на жител, а потоа свинско 12,6 килограми. Македонските граѓани сакаат и риба и морски плодови а тоа се консумира 6.2 килограми по глава на жител, додека пак телешко се јаде 6.8 килограми по глава на жител. Околу 0.9 проценти јадат јагнешко или друг вид на месо. Вкупната консумпција на месо во земјава е, 40,3 килограми по глава на жител, а заедно со рибата 46.6 килограми.

Во Србија пак исто така свинското е е најмногу консумирано месо 37, 3 килограми по глава на жител, пилешко се јаде 14,1 килограми додека пак риба и морски плодови 6,7 килограми по глава на жител. Телешко 6,1, јагнешко и други видови на месо 4,1 или вкупно 61,6 килограми по глава на жител без рибата и морски плодови.

Албанија пак консумира 39,1 килограми месо без рибата и морските плодови, Бугарија 56,9, а Грција пак 74.5 килограми по глава на жител.

Во Албанија најмногу се јаде пилешко 13,9 килограми по глава на жител, телешко 11.7, риба и морски плодови 8,7 , свинско 5,3 а јагнешко и други видови на меса 8,3 килограми по глава на жител.

Бугарија пак јаде најмногу свинско 30 килограми по глава на жител, потоа пилешко 21.5, риба и морски плодови 7,4, телешко 3,5 и јагнешко и други видови на месо 2 килограми по глава на жител.

Во Грција пак најмногу се јаде пилешко 25,6 килограми по глава на жител, свинско 25, риба и морски плодови 21,7, телешко 14,5, јагнешко и други видови меса 9,4 килограми по глава на жител.

Ако ја споредиме Македонија според бројот на жители и според геогравските обележја со Словенија таму исто така најмногу се јаде пилешко, околу 30 килограми по глава на жител, потоа свинско 25,8, телешко 13,5, риба и морски плодови 13,2, а јагнешко и други видови на меса по 1,1 килогам по глава на жител. Сепак косумпцијата на месо во Словенија е поголема или вкупно 72,5 илограми по глава на жител или 87,5 килограмизаедно со риба и морски плодови.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), меѓу 1990 и 2009 година, вкупната глобална потрошувачка на месо се зголемила за речиси 60 отсто, а потрошувачката по глава на жител за речиси 25 отсто.

Се очекува потрошувачката на месо да продолжи да се зголемува за 1,7 отсто годишно до 2024 година. Сè повеќе, научниците изразуваат загриженост за влијанието на потрошувачката на месо врз животната средина, бидејќи производството на месо – особено на индустриско ниво како што се практикува во многу земји – придонесува за ерозија на почвата преку прекумерно пасење, проширување на потрошувачката на гориво базирана на јаглерод и прекумерна употреба на вода.