strumica denes logo

ЕДНО ЛИЦЕ ОД БАНИЦА ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА – ВО СТРУМИЦА ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛ ЕДНО ЛИЦЕ И МУ ОДЗЕЛ ЛИЧЕН ПРЕДМЕТ, А СЕ ОДНЕСУВАЛ И АГРЕСИВНО КОН ПОЛИЦИЈАТА!

Автор:

Датум:

јуни 14, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 14, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Денеска (14.06.2023) во 00.30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница. Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.