На 09.06.2023г. пред Дом на АРМ – Струмица, се оддржи Првиот гастрономски натпревар за средношколци и студенти „TASTY„ – Струмица 2023.
Натпреварот е организиран по иницијатива на ресторан Letnica Letnica во соработка со о.Струмица и угостителско туристичката струка на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица.
Оваа година напреварот беше во чест на Миро Петров – основач на ресторан „Летница”.
„Чест и задоволство ни беше да ги угостиме учениците и професорите од средните угостителски училишта од Кратово, Штип и Гевгелија, како и да ги представиме струките на СОУУД “Димитар Влахов” заедно со повеќе компании од о.Струмица.
Нашата цел е да ги мотивираме младите генерации на готвачи кои се определиле во оваа област и да придонесеме кон развојот на туризмот и угостителството во о.Струмица. Кон нашата цел и идеја се вклучија и: „Вила Парк„ “Концепт” Ал Макс Кланица со ладилник „Ронибет„ Пелистерка / Pelisterka KOLID FOODS , Дентина, Риверсофт и уште многу други.
Јас како професор на учениците од угостителско туристичката струка можам да се пофалам дека нашите златни деца освоија 4 златни и 5 сребрени медали.
Голема благодарност упатуваме кон нашата стручна комисија: претседател на комисијата Nikola Mishkovski Mirko Mitrovski Hristijan Jordanoski Kiril Ivanov Zoki Majnovski-speedy и Пепи Андонов.“ – објави професорката Ивана Петров Ѓоргиева.
📸📷📸: Столе Ангелов