strumica denes logo

Мила Дикова: Сребрената европска лига ни носи големо искуство!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 3, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по 15 години игра меѓународни официјални средби. Стартот на Сребрената европска лига донесе три домашни средби против Австрија, Летонија и Естонија, а одбојкарките доживеаја три порази.

Иако не освоија ниту еден сет, сепак, имаше одредени блесоци и напредок во играта од натпревар во натпревар. Мила Дикова истакна дека овие мечеви се големо искуство за целиот тим и ќе бидат од голема корист за периодот кој доаѓа за женската македонска одбојка.

„Самото пријавување во Сребрената европска лига е доказ дека македонската одбојка е во подем и иако ги загубивме трите домашни натпревари, сега собираме искуство. Против нас имавме многу поискусни екипи. Се надевам дека ќе ја оправдаме довербата која ни е дадена од Одбојкарската федерација на Македонија и ќе бидеме подобри. Сега ни следат три гостински натпревари и се надеваме дека ќе бидеме подобри, затоа што спремни сме да дадеме се од себе“, изјави Дикова.

Македонија ги продолжува настапите во средината на јуни кога гостува кај Естонија. Потоа следат гостински дуели со Летонија и Австрија, за крај на Сребрената лига, прв голем настан за женската одбојка по скоро 15 години.

ИЗВОР: ГОЛ.МК