Тарифата на евтина струја ќе се врати и во текот на денот, извести претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Рече дека евтината тарифа ќе има два часа во периодот од 11 до 16 часот, но точно во кој период се очекуваат дополнителни консултации.
Во меѓувреме, од 1 јули ДДВ-то за струја ќе се зголеми на 18 отсто колку што беше порано. Сепак, според министерот за економија, Крешник Бектеши, тоа нема да игра улога во висината на сметките за граѓаните бидејќи ќе се смени моделот за одредување цена.
Инаку ДДВ-то, во јули 2021 беше намалено на 5% поради кризата во енергетскиот сектор. Потоа во јануари минатата година ДДВ-то беше зголемено на 10%, а од овој јули ДДВ-то повторно ќе биде 18%.