„25-от час на македонскиот фронт“ и „Лексикон на македонскиот фронт 1915-1918“ се новите дела на Оливер Цацков, професор по повеќе историски предмети на Универзиетот „Гоце Делчев“ и Д-р Анита Илиева Николовска, научен соработник во Лексикографскиот центар при МАНУ. Делата неодамна излегоа од печат и привлекоа големо внимание во јавноста.
Во продолжение резиме на делата:
Првата светска војна и денес 105 години откако заврши, предизвикува огромен интерес кај историската фела.И,денес за нејзе се пишува,анализира,дискутира. Особено во „западната„ историографија.
Македонскиот фронт е дел од таа „Голема војна“.Всушност, на „рбетот“ од Македонија потпчно почнувајќи од Охридското Езеро па се до падините на планината Беласица во периодот од 1915 до 1918 година на овој потег се воделе најбруталните битки на овој дел од фронтот.Македонија беше “домаќин“ на финалните битки помеѓу Централните Сили и Антантата.
Лексиконот на Македонскиот фронт 1915-1918 година како и 25-от час од Македонскиот фронт се дел од едицијата Македонски фронт кои дават скромен придонес во потполнувањето на македоснката историографија посветена токму на овој период од нашата историја.
Лексиконот на Македонскиот фронт е книга која на студентите кои веќе имаат предзнаења за Македонскиот фронт ќе им овозможи не само да ги продлабочат нивните знаења ,туку,и многу полесно да сфатат кој е кој, што е што и зошто огромниот број на како и на војнички униформи така и поединци ,живееле,војувале,се забавувале,го сликале,фотографирале и умирале на овој простор.Од друга страна ,пак, за оние кои никогаш досега не се сретнале со овој фронт,Лексиконот односно над 500-те одредници,односно микроисториски честички, кои ,спојувајќи се во една целина ќе им ја отворат големата слика за Македонскиот фронт.
Делото, 25-от час на Македонскиот фронт,е хронолошки запис на лепеза од сведоштва , срочени во 24 глави кои симболично го преставуват и 24 часовниот живот на еден човек ,А, токму, тој, човекот е во фокусот на целата приказна.
Завршувањето на Големата војна Македонците го дочекаа без солзи радосници и без збор. За нив, нејзиниот крај ни најмалку не значеше крај на маките. Со поглед вперен во урнатините и пепелиштата на сопствената земја, молчаливо и достоинствено, тие повторно седнаа околу своите огништа, зашто разрешеното меѓу завојуваните и овој пат се потврди без уважување на нивното свидетелство. Врз душата им се истураа дождови, но искуството им кажуваше дека не е време да ја споменуваат сопствената мака. Неа и без тоа никој не ја разбираше. Историјата во овој момент ја интересираше само направената штета и драгоценоста на туѓите животи, а во ехото на нејзините зборови и овој пат немаше место за најважниот сведок на оваа војна.
Во множеството неразбирливи нешта под небесниот свод, за Македонците и самото време продолжи да тече по неразбирлив тек. Наместо 24, тоа и натаму броеше 25 часа. Во тој последен, 25-ти час, кој никако не одминуваше, се поставуваа сите важни прашања – за злосторството и казната, малото и големото, почетокот и крајот, смртноста и бесмртноста. Но тие не можеа да се решат. Вистината, едноставно, не можеше да се спознае, па уверувањата за злосторството и казната, малото и големото, почетокот и крајот, смртноста и бесмртноста, останаа такви какви што беа и дотогаш и никој не ни помислуваше да ја проверува вистинитоста на овие тврдења.
Од сите народи вклучени во Големата војна, по нејзиното завршување, само Македонците го чувствуваа 25-от час на Македонскиот фронт 1915 – 1918 185 ужасот на самотијата и сознанието дека и во сегашната слика на целината на светот за нив повторно нема место. Нивните соништа за правда и надежи за промена беа само нафрлан песок врз пепелот на светот кој одново се градеше. За нив, 25-тиот час не доби можност да истече, а иднината не беше далечна туку, можеби, и не постоеше. За Македонците, остана само приказната за почетокот без крај и за човекот омеѓен со времето.
Следното дело од едиијата Македонскиот фронт 1915-1918 година е продолувањето на приказната овој пат преку фотографии.