Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!
Потребни состојки:
– свински врат 🥩
– шампињони 🍄
– кромид 🧅
– пиперка 🫑
– домат 🍅
– магданос
– бело вино 🥂
– павлака
– сенф
– коцка за супа говедска
– брашно 🍚
– зачини: сол, црн пипер, вагета
Начин на подготовка:
🔪 Месото и зеленчукот исечете го на коцки.
🥘 Најпрво на масло пропржете го свинското, потоа додадете го кромидот да се пропржи, па путер и шампињоните.
🫑🥂 По 10 минути пржење додадете ја пиперката, бело вино, црн пипер и вегета да се крчка.
🍅 На крај, додадете една лажичка сенф, голема лажица павлака, доматот и ситно сечканиот магданос.
🫕 Во меѓувреме, на друга загреана тава ставете путер да се растопи, а потоа и лажица брашно и мешајте постојано додавајќи бујон подготвен од говедска коцка за супа. Мешајте додека сосот не згусне.
🥘 Вака приготвениот сос, додадете го во тавата со месото и зеленчукот, префрлете во земјен сад и печете 40 мин на 220 степени .
Видео:
View this post on Instagram