strumica denes logo

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАЛ ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН АВТОМОБИЛ КОЈ БИЛ ПРОИЗВЕДЕН ВО МАКЕДОНИНЈА!

Автор:

Датум:

мај 15, 2023

Автор:

Датум:

мај 15, 2023

Корените на македонската автомобилска индустрија почнуваат по Втората светска војна во рамките на тогашна Југославија. Многумина ја паметат фабриката ФАС 11 ОКТОМВРИ.

ФАС беше една од поголемите фабрики во Југославија за производство на автобуси, со свое биро за развој, тест полигон, итн.

ФАС решава пред цели 64 година, во 1959 година да произведе свој автомобил!Автомобилот е направен врз база на тогашниот модел ФИАТ 1400 и со дизајн кој не бил ништо поназад од тогашниот дизајн на другите фабрики.

Но, тој прв автомобил марка ФАС ВАРДАР 1400 неславно ја завршува својата незапочната кариера и прототипот завршува во отпад.

Втора шанса ФАС има 10 години подоцна во 1969 година кога исто е изработен прототип на автомобил врз основа на ФИАТ 850 со дизајн инспириран од Пининфарина.

Овој прототип е прикажан на саемот за прототипови во Белград, но при враќање од саемот камионот кој го носи настрадал во сообраќајка заедно со прототипот !

Трета шанса да имаме автомобилска индустрија е 1968 година каде Цитроен доага во Македонија за отварање на погон за кооперација.

Во почетокот би биле делови за тогашните модели, а понатаму и целосно производство/Фабриката Металски Завод Тито била избрана како најповолна, а ФАС како погон каде би се склопувале првите модели на Цитроен.

Но, и од таа идеја не излегува ништо ! Последната шанса беше за производство на Ауди А3 дамнешната 1995 година, но и од тоа не испадна ништо, за жал.