strumica denes logo

18 КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СТРУМИЦА!

На 14.05.2022 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

 

Притоа, биле констатирани 81 пречекорување на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Автор:

Датум:

мај 15, 2023

Категории:

Хроника, Струмица