strumica denes logo

ДАЛИ Е ПОРАДИ ЛОШАТА ПОЛИТИКА? ДУРИ 24% ОД МАТУРАНТИТЕ САКААТ ДА СЕ ИСЕЛАТ ОД МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

мај 10, 2023

Автор:

Датум:

мај 10, 2023

Речиси 900 матуранти размислуваат да ја напуштат државата. За некој од нив запишувањето на европските универзитети е единствена виза за да заминат. 21 % планираат да студират во странство, а од оние кои нема да го продолжат своето образование, дури 24% се изјасниле дека сакаат да се иселат. Предничат студентите од Штип, Македонска Каменица и Струмица. Ова се анализи од последното истражување што го направија студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев„.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Доколку земеме во предвид дека оваа година за државна матура од овие региони се пријавени повеќе од 3500матуранти и ако ги вкалкулираме овие статистики кои не се егзактни , туку се сериозни индикативни тогаш би можеле да дојдеме до бројка од околу 900 млади , коишто потенцијално би ја напуштиле државата, само од последната генерација„ изјави проф.Страшко Стојановски.

Според анкетата во изминатите пет години се дуплирал и бројот на одлични средношколци. Социолозите за ова имат две објаснувања или имаме премногу паметни генерации, или се намалени критериумите за отценување, изјави Страшко Стојановски-Универзитет„ Гоце Делчев„-Штип

„Бројот на одличните средношколци речиси е дуплиран. Тоа се повторно перцепции, што значи е индикатор дека компетитивноста и во средните училишта се зголемила, како и на ниво на Универзитети. Борејќи се за ученици и за сопствен рејтинг или очигледно имаме добри генерации или во системот имаме намалување на критериумите„ рече проф. Страшко Стојановски.

Најатрактивни за македонските студенти се универзитетите во Словенија, Софија, Пловдив и Солун.

ИЗВОР: ВЕСНИК.МК